Шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го осудија синоќешниот терористички чин во Виена, во кој беа убиени четири лица, а 17 се повредени.
Силно го осудуваме ужасниот напад во Виена и изразуваме сочувство на семејствата на жртвите и солидарност со австрискиот народ. Ние сме покрај вас во овие тешки времиња, напиша Османи на Твитер.
И вицепремиерот Димитров изрази осуда на Твитер за терористичкиот акт.
Ги читам со неверување и со длабока тага вестите за ужасниот терористички напад во Виена. Стоиме покрај нашите австриски пријатели и од срце го изразуваме нашето сочувство на семејствата на жртвите и на оние кои се повредени. Европските вредности мора и ќе надвладеат, напиша Димитров.
Comments are closed for this post.