„Стартот на преговорите со Европската Унија ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите – членки“, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел, во рамките на работната посета на Кралството Белгија, се сретна со Дидие Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни и европски прашања.

Северна Македонија доби исклучително позитивна оценка од страна на Европската комисија, со прецизна препорака дека е подготвена веднаш да ги започне преговорите, процес што ќе е заокружување на европскиот оптимизам во рамките на земјите од Западниот Балкан, кој, пак, претставува основно гориво за стабилизација и просперитет на регионот“, истакна Османи.

Тој му ги пренесе на Рејндерс интенциите на Владата да стане партнер на Европската Унија во соочувањето со современите предизвици во изградбата на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа.

Билатералната посета на Белгија се случува во клучен момент откако од нејзината престолнина, само два дена претходно, добивме јасна валоризација за сѐ она што постигнавме изминатата година – Северна Македонија да има чисто и убедливо европско досие. Во срцето на земјата основач на ЕУ, онаму каде сакаме да се чувствуваме како дома, охрабрени сме што делиме заедничка визија со Белгија за тоа дека напредокот на секоја земја треба да биде објективно и соодветно препознаен и дека почетокот на пристапните преговори не значи членство, туку само отворање на вратата од еден долг пат на суштествена реформа и позитивна еволуција, нагласи министерот Димитров.

Тој потнцира дека почетокот на процесот значи и пристап до една важна и докажана алатка за зацврстување на постигнатиот напредок, натамошен развој и трајна европеизација на Балканот.

Тоа е наш интерес, но и силен интерес на Европската Унија“, посочи Димитров.

Османи и Димитров ги потенцираа заложбите на земјата да продолжи и понатаму со реформската агенда, во насока на трансформација согласно европските правила и стандарди, но и во насока на имплементацијата на европските вредности дома и во регионо