Шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров не се појавија на денешната собраниска седница на Комисијата за надворешна политика. На неа требаше тие да објаснат за преговорите со Бугарија.

Иванка Додевска од ВМРО-ДПМНЕ вели дека е срамно што никој од власта не се појави.

Мораме да имаме црвени линии во преговорите со соседите. Мене мила ми е ЕУ, но уште помила ми е Македонија. Република Македонија и македонскиот народ ќе опстои, но и ќе се знае кој на чија страна бил, објасни Додовска.