Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера од Софија  истакна дека се уште нема решение за отворените прашања што би било прифатливо и за Бугарија и за  Македонија, потврдувајќи дека разговорите се во тек и повикувајќи историските прашања да се препуштат на заедничката историска комисија.

На прашање дали  Македонија ќе инсистира на промени во бугарската Декларација, за да се повлече ветото на Софија за почеток на преговорите со ЕУ, Османи истакна дека за земјава е важен односот на Бугарија кон преговорите.

Во врска со најавите дека Албанија ќе бара раздвојување на европскиот пат на Тирана и Скопје, Османи рече дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама е цитирана неточно, додавајќи дека тој рекол оти ќе ги праша граѓаните, а не дека Албанија одлучила да бара раздвојување од  Македонија.