Нема простор за загриженост, предметите од СЈО се обезбедени, бидејќи обвинителството ги има преземено, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи, но сепак, испрати апел до политичките партии да покажат визија, да најдат начин да ја подигнат антикоруипциската политика на надпартиско и наднационално ниво, за да се донесе новиот закон за Јавно обинителство, како многу важно прашање за граѓаните и за ЕУ.

Одговарајќи на новинарско прашање, какви се очекувањата односно кога ќе се договорат партиите, вицепремиерот Османи потенцира дека се работи на дневна основа.

– Ние би сакале тоа да биде денеска, вчера да биде, меѓутоа тој закон треба да го изгласаат 80 пратеници, изјави тој по денешната работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Со донесување на законот за СЈО, укажа Османи се испраќаат две пораки – прво, дека сме зрели како држава да постигнеме консензус меѓу Влада и опозиција, кој се однесува за стратешки прашања, и второ, да воспоставиме обвинителство што ќе се занимава со гонење корупција на високо ниво.