Две патнички возила се оштетени, а две лица се повредени при вчерашната прослава по повод победата на РК „Вардар“ на плоштадот „Македонија“. При тоа полицијата приведе шест лица.
На 2 јуни 2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“. За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило “ауди А3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот “Гоце Делчев“. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). Во врска со настанот од страна на Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Другото возило „шевролет спартк“ сопственост на МВР е оштетено на ул. „11 Октомври“ пред Собранието на РСМ, додека Т.П. (17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на Плоштад Македонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете.
Од МВР наведуваат дека приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.
Comments are closed for this post.