Блерим Ахмеди, организаторот на протестот против случајот „Монструм“ во Скопје, објави дека добил казна од 510 евра од полицијата по инцидентите што беа предизвикани во центарот на главниот град.
Цел живот не сум добил ниту денар од оваа држава а сега треба да платам 510 евра“, напиша Ахмеди, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициската станица на Бит Пазар. Тој објави и фотографија од казната што треба да ја плати.
Од МВР претходно за инцидентите информираа дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија прозорци на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР. Полицијата ги утврдува нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.
Настанот следуваше откако обвинителката Фатиме Фетаи побара најстрога казна за обвинетите. Денеска се завршните зборови на одбраната пред конечната пресуда.
Засега нема ниту формална најава, ниту пак, најави по социјалните мрежи за нови протести по повод судењето.
Comments are closed for this post.