Финансиска полиција и Основното обвинитество влегоа во Град Скопје. Овие две институции веќе неколку дена го проверуваат работењето на градските служби. Како што дознава „Република“ градоначалничката Данела Арсовска во петокот и вчера давала изјава за прочисителната станица.
Токму проектот за изградба на прочистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра е причина за раздорот меѓу градоначалничката и директорот Перински по што тој си поднесе оставка.
Перински тврдеше дека проектот бил реализиран по насоките од европски ЕБОР но оти имал притисок за да менува луѓе во комисиите на проектот.
Comments are closed for this post.