Бранот незадоволство ги зафати и охридските средношколци, кои за денеска најавуваат мирен протест пред зградата на Општина Охрид, против државната матура, објави Охридњуз.

Како што информираат организаторите на протестот, кој бил уредно пријавен во полицијата, средношколците од градот на собирот ќе го изразат своето незадоволство од предвидениот концепт за организирање на државна матура и ќе упатат барање за нејзино укинување.

Протестот на охридските средношколци ќе започе во 15:30 часот.