Не работи компјутерскиот томограф во охридската болница , пациентите се препраќаат во Струга. Поради преоптовареност од енормно зголемениот број снимања прегорен е резервниот дел.
Директорот на болницата Балевски вели дека за 10 месеци направени се 17.000 снимања, колку за период од две години. Покрај од Охрид извесен период тука доаѓале и пациенти од целиот регион.
Станува збор за релативно скап дел, чија вредност е некаде над 100 илјади евра. Било известено Министерство за здравство од каде било ветено дека проблемот ќе биде решен.
Инаку ова не е прв пат да не работи комјутерскиот томограф и пред две години не функционираше неколку месеци поради дефект на ренген цевката. И додека се реши проблемот, од општата болница најавија дека пациентите од Охрид, кои имаат потреба од компјутерска рендген дијагностика, се упатуваат во болницата во Струга.
Comments are closed for this post.