Имаме историска шанса за влез во ЕУ и во НАТО, истакна на заедничката прес-конференција со германскиот колега Хејко Мас, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
На прашање на Пресинг ТВ за министерот Димитров, што ако Уставниот суд го стопира процесот за референдумот, тој одговори дека „Огромна е одговорноста било кое тело, дури и Уставниот суд, клучот да го земе од рацете на граѓаните“.
Тој потоа додаде дека двете тези на подносителот на барањето за изјаснување на Уставниот суд не се правно, ниту политички поткрепени.
„На ниво на аргументи има две тези – едната е дека нас ни треба посебен дополнителен референдум за стапување во сојуз со други држави. Точно е дека за членство во ЕУ ние ќе имаме рефередндум. Таа одредба главно се однесува кога се пренесува суверенитетот. За НАТО таа одредба не е релевантна“, додаде Димитров.
Прес-конференција Димитров и Мас
Posted by Pressing TV on Tuesday, September 18, 2018
Comments are closed for this post.