Ограбена е поштата во село Злетово во Општина Пробиштип информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тешката кражба се случила викендов, а непознатите сторители одзеле пари. Полицијата засега не открива колку пари со себе зеле крадците, кои на дрзок начин влегле во поштата.

 Вчера на 15 април во Полициската станица во Пробиштип било пријавено дека во периодот од 12 часот на 13 април до 5 часот на 15 април непознати сторители извршиле тешка кражба во поштата во село Злетово и одзеле пари, вели Панајотова.

Таа додава дека извршен бил увид во поштата и се работи на расчистување на случајот.