Да му се одземе имунитетот на пратеникот Никола Груевски препорача едногласно Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Комисијата не се појавија на комисиската расправа.
Заклучокот ќе биде доставен до претседателот на Собранието кој ќе го стави на дневен ред на следната пленарна седница. За одземањето имунитет на пратеник потребни се 61 глас ,,за”.
Претходно Комисијата за деловнички и мандатно имунитени прашања препорача одземање и на пратеничкиот мандат, но не се обезбеди двотретинско мнозинство на пленарната седница.
Comments are closed for this post.