Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски – Боки 13 е се уште во болница, поради што, утрово, по трет пат се одложи судското рочиште за овој предмет.

Од затворот во Шутка, како што информираше судијката Софче Гаврилова – Ефремова, судот бил известен дека Јовановски не се наоѓа таму односно дека се уште е на болничко лекување.

Поради состојбата на Јовановски, судијката ги отповика и наредните две рочишта кои беа закажани за 14 и 22 октомври, а следното рочиште го закажа за 28 октомври.

Боки на 8 септември, по воспаление на желудникот, беше префрлен во болница на итна операција.