Во пикторескната околина на кањонот Матка, вечерва беше одбележан Денот на Европа. Присутните претставници на македонската Влада, дипломатскиот кор, политичкиот и општествениот живот, како и медиумите беа поздравени од евроамбасадорот Самуел Жбогар, шефот на мисијатра на Европската Унија во Скопје.

На средбата беше доделена и наградата Европеец на годината, а тоа признание на актерот Дритон Вејсели, кој стана миленик на јавноста со улогата на Талат во серијата Преспав.