Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта и утре ќе дува силен североисточен ветер кој наместа ќе достигне брзина од 90 до 100 километри.
Синоптичарите за утре најавуваат и повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Дневната температура значително ќе се намали. Така веќе утре минималните температури ќе се движат од -9 до 0 степени, а дневните од -6 до 3 степени.
Од недела ќе следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.
Comments are closed for this post.