Поради продор на постуден воздух од север веќе од среда врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предивика позначителен пад на температурата.

Според УХМР, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Пожаране (39 литри на метар квадратен), а најмалку во Скопје-Петровец и во Крива Паланка (3 литри на метар квадратен). Утринава врнежите беа  пообилни во северозападните делови од државата, а во источните делови на места врнежите се престанати.