Во следните неколку недели во Македонија ќе дојдат претставници од САД и ЕУ да дадат поддршка на референдумот

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ, ќе ја посети Македонија пред одржувањето на референдумот на 30 септември.

Хан на 17 и 18 септември пристигнува официјално во Скопје како најавен гостин на „Медиумски денови на Западен Балкан“, но и неофицијално да провери како се движат тековните активности за граѓанското изјаснување во контекст на поддршка на Спогодбата од Преспа.

Вчера и денеска своето доаѓање го најавија и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања – Вес Мичел.