Исламската верска заедница како една од значајните институции во земјата која што го артикулира духовниот и општествениот живот на верниците од муслиманска вероисповед, за жал, по контроверзиите и мачните сцени се чинеше дека конечно оваа институција влезе во еден спокоен период откако кон крајот на ноември 2020 гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху, беше избран за претседател на оваа значајна општествена институција, По одржаните избори, Фетаху порача „денеска е голем ден за сите муслимани во земјата и за нејзините граѓани“.
„ИВЗ на Република Македонија денеска победи. Сите победивме. Победи духовното, моралното, човечкото и конструктивното. Од денеска ни е дадена доверба со голема одговорност да го претставиме исламот и неговите изворни вредности и традиционалниот дух. Со цел оваа опција да го претстави духот на Аллаховиот збор, мирот, толеранцијата и соработката, со сите да биде конструктивен и креативен субјект во нашето општество и пошироко, нашето патување ќе биде знаење, консултација, транспарентност и во служба кон секој верник и граѓанин на ова општество. Ќе изградиме современа заедница која успешно ќе одговори на предизвиците на современото време“, рече Фетаху во обраќањето.
Меѓутоа, за жал, се чини дека периодот на спокојно работењето на заедницата е повторно пред предизвик. Имено, се појавија одредени написи а некои прашања и до он-лин медиуми, пристигнаа од читатели верници кои поставуваат прашања за начинот на функционирање на Исламската верска заедница. Причините за тоа засега не се познати.
По неколку новинарски обиди по електронска пошта да добиеме одговор на поставени прашања во очекување на одговори во интерес на читателите и, секако, во интерес на благосостојбата на заедницата, со цел да се расчистат дилемите кај читателите или евентуалните недоразбирања, преку електронска пошта ги испрати прашањата до ИВЗ, и телефонски контактираше со претставниците на институцијата. Но и по неколку недели, одговорите изостанаа.
Едно од прашањата е упатено до Реисот, Шаќир Фетаху, и се однесува на неговото наводно „силно полициско обезбедување“, односно интересот е причината за тоа: дали станува збор за закани кон личноста на Реисот, и познато ли е од кого се тие и од каков карактер. Заинтересираните граѓани, додаваат и според позицијата во ИВЗ, на г-дин Фетаху не му следува службено полициско обезбедување, а исто така прашуваат дали за тоа е известен Ријасетот на ИВЗ, и зашто несе информират верниците и јавноста кои се причините.
Натаму, се наведува дека според статусот на ИВЗ, Ријасетот кој е статутарно и уставно највисок орган на ИВЗ, во членот 36 од уставот е предвидено да се одржуваат редовни седмици најмалку еднаш месечно. Но, како што се истакнува во дописот, „во однос кон Вас имало обвинувања за самоволие при водење на институцијата и тврдење дека за целата 2021 година биле одржани само 3 (три) седници, а изминатата 2022 година само 2 (две) седници на Ријасетот“. При што се губи кредибилитетот и добиениот легитимитет на поглаварот.
Понатаму има забелешки и се истакнува дека според правилникот за финансиско работење на ИВЗ, па на Реисот наведуваат дека „не му се дозволува да потпишува платен налог на износ од над 10.000 (десет илјади) евра“, па се поставува прашањето дали во оваа смисла има забелешки.
Се наведува и дека во април годинава Реисот г-дин Фетаху навршува 64 години, со што се исполнува условите за заминување во пензија, па се поставува прашањето кога ќе ја одржи последната седница по којашто ќе се повлече од функцијата?! Нашите извори потенцираат дека во ИВЗ во моментов „постои голем суфицит од кадар и нема незаменливи, како и дека за евентуално продолжување на мандатот на поглаварот Фетаху потребна е поддршка од мнозинството на членовите на Ријасетот“. Па оттаму се поставува прашањето дали по крајот на месецов ќе се повлече од функцијата, и дали тоа може да води кон полемики и недоразбирањата и тензии во самата ИВЗ и да дојде до несакани ситуации.
Инаку, според отворени извори, г-дин Шаќир Фетаху е роден во април 1959 година во гостиварското село Чегране. Средното училиште го завршил во 1980 година во медресата (верското училиште) „Алаудин“ во Приштина, а потоа студиите ги продолжил на Факултетот за исламски науки во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што успешно ги завршил во 1984 година. А од таму пак флертуваат информации за наводно регрутирање како соработник на УДБА за што актуелниот Реис шаќир фетаху и ИВЗ никогаш овие гласини неги демантирале.
Дописот, исто така, содржи тврдење чија веродостојност баравме да биде коментирана. Имено, во јавноста наводно циркулирал неофицијална информација дека спрема Реисот ќе биде наводно подготвена кривична пријава во Основното јавно обвинителство (ОЈО Скопје), за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања. Притоа се конкретизира дека во октомври 2021 година биле одржани избори за членови на Собранието на ИВЗ како правно-финансиски орган на ИВЗ, а дури во ноември 2022 година било дозволено свикување конститутивна седница на собранието и на која спротивно на уставот и правилникот за работа на собранието претседавал член на Ријасетот на ИВЗ, зашто според нив цела година не им било дозволено свикување на седница на собранието, Тоа подразбира дека целата мината 2022 година, ценат заинтересираните, Вие сте дејствувале самоволни и во поглед на финансиите. Исто така се прашуваат до каде е зборот на Реисот Фетаху дека одма по неговиот избор 2020 дека ќе донесете 7 милиона евра од арапски емирати донација за нормално функционирање на ИВЗ, ова јавно го искажал пред сите членови на Ријасетот, како и прашањето каде се близу 4 милиони евра што владата на Заев и ги има дадено на ИВЗ по однос на денационализација.
На крајот, постојат и информации за чести патувања на генералниот секретар Ирсал Јакупи во Бугарија со службено возило на Исламската верска заедница. Оттаму се бара одговор на прашањето кои се причините и целите на тие патувања, дали се од службен или приватен карактер, како и за идентитетот на сопатникот за кој се тврди дека не е вработен во ИВЗ.
Читателите поставуваат прашање до г. Фетаху дали воопшто има контрола и налози каде се упатуваат и се движат службените возила сопственост на ИВЗ и кој ги управува.
Со цел јавноста да биде правилно информирана, за исклучување на сите дилеми, а, во прв ред, избегнување на нови тензии во самата заедница очекувавме одговори, кои што, за жал, изостанаа. Сепак, целокупната домашна јавност е заинтересирана за задржување на спокојот меѓу верниците и пошироко во општеството, и се надеваме дека актуелното водство на ИВЗ ќе успее да ги надмине евентуалните недоразбирања со цел да се продолжи мирното функционирање на институцијата.
Серјожа Неделковски, новинар
Comments are closed for this post.