Адвокатот Влатко Илиевски, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд дека т.н „бомби“,  на поранешното СЈО ,односно прислушуваните разговори остануваат докази за случаите покренати заклучно со 30 јуни 2017 година, смета дека претседателката Добрила Кацарска требало да се изземе од гласањето.

Таа има пристрасност затоа што ги има прифатено овие снимки како докази и има донесено пресуда која се темели токму на снимките.Кариерата на Кацарска како уставен судија е резултат на оваа пресуда и имала непосредна корист. Ако имала малку доблест ќе се повлечела од гласањето-укажува Илиевски за „Република“.

Како пример адвокатот и сопруг на поранешната министерка Гордана Јанкулоска го наведува случајот „Тенк“ во кој е обвинета неговата сопруга.

(фото: МИА)

Во овој случај освен снимките нема друг доказ дека Јанкуловска да го поттикне Ѓоко Поповски да ја избере конкретната фирма за набавка на „Мерцедесот“.

Илиевски нагласува дека за овој случај  се жалат во Судот во Стразбур во делот на правичност на постапката бидејќи главните докази на кои се заснова оваа пресуда се токму „бомбите“ односно незаконски прислушуваните разговори.