Oд денеска доколку сакате да добиете лек што ви е препишан на рецепт мора да поседувате документ за лична идентификација. Исто така отсега секој лек би требало да го има во текот на целиот месец.

Се укинуваат квотите за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

Осигурениците  од денеска ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.