Вишото јавно обвинителство испрати мислење до Апелациониот суд за барањето на Катица Јанева за укинување на мерката куќен притвор, со кое бара судискиот совет да ја одбие нејзината жалба. Обвинителството останува на истите причини и околности за да ѝ биде продолжен притворот на Јанева. Во Апелациониот суд го добиле мислењето, но сè уште немаат одлука по жалбата на Јанева, пренесува „А1он„.

Oд страна на Вишото јавно обвинителство до надлежниот Апелационен суд е доставен предлог со кој се предлага жалбата на обвинетата да се одбие како неоснована, при што надлежниот јавен обвинител ги имал предвид сите околности поврзани со мерката за обезбедување присуство на обвинетата во текот на постапката, како и наводите во изјавената жалба“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Судискиот совет од Апелација за притворот на Катица Јанева ќе одлучува во текот на идната недела, на помалку од седум дена пред истекот на мерката. Според нив, има доволно време за да се донесе решение по жалбата.

Претходно, Апелација на 18 декември одлучи Катица Јанева да биде пуштена од Истражниот затвор „Скопје“ во куќен притвор по неколку нејзини жалби. Судот сметаше дека Јанева треба да биде пуштена од затворот бидејќи има лоша здравствена состојба и кардиолошки проблеми.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава по што судот ѝ одреди мерка притвор