Две поротнички чии мандат почнал и завршил во ист  ден добиле разчичен третман во Кривичниот суд. Поротничката во случајот Дурмо турс“ била заменета со друга откако претседателот на Кривичниот суд го известил Судскиот совет и судијата во предметот дека нејзниот мандат е истичен.

Но, тоа не важи и за поротничката во случајот ТНТ од која се бара да постапува се додека Судкиот совет дали ќе го продолжи нејзиниот мандат или пак ќе констатира дека престанал на 24 декември, објавува „Сител“.

Одбраната во случајот “ТНТ“ бара да се почитува законо, додека пак од судот велат дека Законот за судови прави разлика за тоа дали за некој поротник се бара продолжување на мандатот или нејзин престанок.

Лилјана Ивановска-Кочковска и Славица Шандовска се избрани на ист датум. Шандовска повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот Ласкарци, но од Кочковска и натаму се бара да биде поротничка во ТНТ

Од Кривичниот суд велат дека побарале од Судкиот совет да констатира дека веќе нема манда да ја извршува фунцијата поротник.

Но, прашање е зошто ова не важи и за поротничката во случајот ТНТ. Од Судот за Сител велат дека за Кочковска наместо престанување на мандатот барале тој да и биде продолжен