Основното јавно обвинителство (ОЈО) денес соопшти дека по известување од скопската полиција, ќе го истражува случајот што се однесува на аудио материјалите кои протекоа во јавноста, а во кои, како што тврдат дел од медиумите, се слуша како градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш тепа и измачува киднапиран човек.

Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали. Истовремено, до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица“, се вели во соопштението од ОЈО.