Како што стојат работите судечкиот совет во случајот „Топлик“ не е премногу заинтересиран за доказите што ги презентира Обвинителство.

Откако судијата Шабани одби да не биде прифатено вештачењето на вештакот Борис Тунџев поради истечена лиценца, се започна со презентирање на доказите од страна на застапникот на обвинението Бурим Рустеми.

Но, наместо како што е редот судијата да ги презентира доказите, Рустеми само ги читаше. Тоа  не може да се нарече ни читање туку мрморење, бидејќи никој во судницата и не слушаше што говори а камоли да разбере за што станува збор.