Возачот на автобустот на „Дурмо Турс“ во кој загинаа 15 патници имал дијабетес, откри обвинителот Сашо Рајчев на новинарско прашање.
Според мои сознанија да. Но вештите лица се произнесоа дека тоа немало влијание врз неговата способност тој ден да управува и ја отклонија таа околност како причина за неговото губење на контрола врз управувачот-изјави обвинителот.
Претходно Рајчев рече дека врз возачот било изготвено медицинско вештачење и било констатирано дека нема никакви соматски пореметувања.
Comments are closed for this post.