Во присуство на заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, м-р Кашмир Салиу, денеска во Гостивар се одржа обука за штабовите за заштита и спасување на Подрачните одделенија за заштита и спасување  од Тетово, Гостивар и Кичево.
Заменик-директорот Салиу истакна дека ваквите обуки се неопходни за подобрување на координацијата и ефикасноста на тимовите на терен со цел е да обезбедиме брза и стручна интервенција при секоја кризна ситуација.