Пропадна уште една лага на Заев и СДСМ дека мисијата на ОБСЕ и ОДИХР е подтотвена да ги мониторира изборите дури и во јунии.

Од Канцелараијата на ОБСЕ во Варшава го тврдат спротивното. Оттаму велат дека чекаат да биде одреден датумот за избори и дека нивната бројка зависи од од протоколите за патни ограничувања и протоколите поврзани со здравјето на нивните набљудувачи.

ОДИХР ги извести властите на Македонија дека е подготвена повторно да ја распореди набљудувачката мисија откако повторно ќе започне изборниот процес, земајќи ја предвид здравствената состојба и условите за патување во тој момент (согласно насоките за патување во регионот и здравствените директиви, како што стои во привремениот извештај на мисијата објавен претходната седмица – з.р.)… Како и секогаш, ОДИХР внимателно ги следи изборните движења во земјата за да ја процени нивната усогласеност со меѓународните стандарди и заложбите на ОБСЕ за одржување демократски избори“, се наведува во одговорот на ОБСЕ до Министерството за надворешни работи.

 

ОБСЕ изборите обично ги следи со околу 250 краткотрајни набљудувачи и со една група која доаѓа неколку месеци пред изборите.