Премиерот Зоран Заев истакна разочарување од бугарското вето, и истакна дека однесувањето на Бугарија не е согласно европските вредности. Нивниот став, како што вели Заев, а навредлив за целиот македонски народ.
„На овој ден се слуша големо разочарување кај сите нас. Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство, и застана на патот на нашата европска интеграција, за која во многу случаи сите земји потврдија дека ги исполнуваме условите.
Тоа не е европски начин, Бугарија не собра сили да се однесува европски. Тие направија гест кој не покажува ниту пријателство, ниту братство. Нивниот став е навредлив за целиот наш народ“, изјави Заев и допоплни дека не е европски, ниту демократски во ова време некому да му наметнувате како да се чувствува и како да се изразува.
„Во 21. век не е европски, ниту демократски да му кажете некому како да асе чувствува, како да се однесува. Не е европски да му наметнувате идентитет на друг народ. За Северна Македонија и македонскиот народ не се прифатливи овие услови. Затоа застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чешка во македонскиот идентитет“, рече меѓудругото Заев.
Comments are closed for this post.