Нова аудио снимка од разговор на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и претставници од италијанската компанија „Леонардо“ околу тендерот за набавка на радарски систем, објави „Економски лидер“.
Како што пишува порталот „Економски лидер“ на снимката се слушаат и гласовите на тогашниот технички директор на М-НАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата Николче Тасески.
Според пишувањата на „Економски лидер“, Рашковски знаел дека според правилата тој не смее воопшто да разговара со компанијата „Леонардо“, „затоа што во моментот на состанокот се уште тендерот официјално не е добиен.“
Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот, пишува „Економски лидер“.
Според порталот „Економски лидер“ Рашковски им наложил на претставниците за три дена да ја завршат работата.
Тој пред претставниците на „Леонардо“, им наложува на претставниците на М-НАВ за три дена да ја завршат работата и кршејќи ја одлуката на владата да се распише нов тендер, им наложува да го протне истиот затоа што „така се правело сегде во светот“, пишува „Економски лидер“.
Порталот тврди дека снимката до нив ја доставил свиркач.
Comments are closed for this post.