Првата официјална посета на грчкиот премиер помина под досега невидени мерки за безбедност. Уште од рано утрото беше затворен булеварот пред Владата како и околните улици.

Уште од стапнувањето на Ципрас на скопскиот аеродром неговото обезбедување не го испушташе од вид.

Секогаш беа до него, на платото пред Владата кога автомобилот на Ципрас се паркираше, но и на бизнис формумот во хотелот Александар Палас.