Претседателот на Собранието, Талат Џафери за во среда во 11 часот ја закажа седницата за избор на нови министри откако од владата го доставија предлогот со имињата. Од Собрането велат дека не постои временско ограничување по деловник и Устав колку време ќе трае расправата.

Трајан Димковски ќе биде нов министер за земјоделство. Тој доаѓа на местото на Љупќо Николовски кој ќе биде генерален секретар на СДСМ.

Насерт Нуредини ќе биде минситер за животна средина и просторно планирање. На местото на Садула Дураку кој пак од животна средина оди во новото министерство за политички систем.

Лидерот на ЛДП Горан Милевски е  предлогот на премиерот за нов министер за локална самоуправа на местото на Сухејл Фазлиу.

На испразнетото место во министерството за култура доаѓа Хисни Исмаили.