Партијата НДП на Весел Мемеди негодува што нивниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е заменет со лидерот на ЛДП Горан Милевски без нивна согласност.

Министерството за локална самоуправа му припаѓа на коалиционен партнер на Владата, тоа е нашата партија – НДП. Премиерот не може да одлучува без наша согласност ова министерство да му го додели на внатрешен партнер на партијата СДСМ, со кој има внатрешни проблеми, за да ги задоволи неговите коалициони партнери, а во штета на владината коалиција“, се наведува во реакцијата на НДП.