Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје.
Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.
Во 15 часот во ПС Центар, Добрила Кацарска од Скопје, пријавила дека во 12.35 часот, со нејзина колешка седеле во кафе бар Кулу во ТЦ Рамстор, при што во локалот влегло НН машко лице на возраст од 50 години, кое се потпрело со коленото на делот од сепарето, и ѝ се обратило со зборовите „Ти ќе одговараш, страшно ќе одговараш ти“.
Се работи за В.П.Г. од Богданци, кој е задржан во ПС Центар.
Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд.
Comments are closed for this post.