„Не плачи, мајко, не жали“ на Христо Ботев се претвора во македонска народна песна без автор.
Во книгата, што Бугарската академија на науките ја издаде за Република Северна Македонија, се опишани многу такви примери и тие навистина се страшно многубројни, вели за БНТ проф.Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик при БАН.
-Тоа што Ботев е „препеан“ не е нешто, што не изненадува, зашто од моментот кога е создаден т.н. македонски книжевен јазик започнува лавина од промени на фактите-откако ќе се мине преку творештвото на сите преродбеници, насекаде каде тие се декларираат како Бугари, тој етноним бугарски едноставно се брише, зботрниците „Бугарски народни песни“ и на браќата Миладинови, и на Марко Цепенков и на низа наши книжевници едноставно се наречени зборници или, пак, Народни песни, или директно Македонски песни. Граматиките, кои се на бугарски јазик исто стануваат граматики на македонскиот јазик, вели професорката.
И така, сосема природно, според неа, доаѓаме до песната на Ботев, која е откриена во речник на македонската народна поезија. Таа ја посочи за пример и песната за Кнегињата Рајна, која исто се наоѓа во зборник на македонски народни песни.
Книгата на БАН сосема свесно е околу 60 страници за да може лесно да се прифати, брзо да се чита, вклучувајќи ги и партнерите во Западна Европа, а ја има и на англиски јазик, коментира проф. Кочева и дополнува:
-На тие 60 страници во Република С.Македонија многу брзо одговорија со четири тома од по 700-800 страници. Тоа беше една очајна реакција.
Според неа, ги имаме сите докази и аргументи за да кажеме дека македонскиот е прекодифициран бугарски книжевен јазик и во општеството малку се греши кога се арткулира дека македонскиот е дијалектна форма на Бугарија. Во Република С.Македонија има многу дијалекти.
-Тоа што се случува во 44-та година, кога се свикува првата јазична комисија која треба да го изработи тој нов јазик, е многу индикативно и ние сме прочитале во стенограмите каде многу јасно кажуваат дека тој јазик не може да се создаде и да постои по пат на природен развој, објасни проф. Кочева.
Според неа, лексиката е веќе србизирана, влезени се многу странцизми и се прави се што е можно македонскиот да се оддалечи од бугарската книжевна норма. Меѓутоа, кога станува збор за граматиката, таму целата структура на македонската норма е бугарска според својот карактер.
Comments are closed for this post.