Составот на новата влада е пред финален договор, дознава „Пресинг ТВ“ од свои извори. Во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија остануваат Министерството за внатрешни работи, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделие, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.
Коалицијата Вреди ги добива Министерството за животна средина и просторно планирање, кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, исто припаѓа на Вреди.
Министерството за економија и труд, оди во рацете на Вреди, заедно со Секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.
Претседател на Собранието исто така оди во рацете на Вреди.
И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, Министерство за правда и новото Министерство за администрација.
Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.
Comments are closed for this post.