Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски нагласува дека уставните измени се веќе напишани од страна на Грција и дадени на Владата на Република Македонија. Тој притоа додава дека ако случајно помине референдумот тогаш граѓаните ќе гледаат еден театар и глума.

– Според наши информации ја повикувам владата да не демантира. Уставните измени во делот на промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија, промената на преамбулата членот 3 и членот 49 се веќе напишани и тоа е завршена работа им биле дадени од страна на преставниците на македонската влада од страна на Грција во вид на нон-пејпер. Односно дури и амандманите на Уставот не ги пишува македонското собрание како што е редот во постапка која треба да почне после референдумот туку веќе ги има напишано грчката влада и ги има доставено и практично кога ќе почне тој процес ако почне ќе биде само една глума и еден театар дека се прават амандмани кои што веќе се напишани чија што содржина не ја знаеме и не се објавува во јавност, истакна Николоски за 1 ТВ.