На граѓаните им се потребни одговорни градоначалници, достапни градоначалници, комуникативни советници коишто ќе ги носат најдобрите одлуки за граѓаните. Граѓаните не сакаат кочници и блокади и токму затоа денеска очекувам дека изборот на граѓаните ќе биде најдоброто и ќе го запечатиме токму овој европски пат по којшто по којшто е тргната нашата земја, порача денеска од Крива Паланка, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
При тоа Николовски посочи дека македонската демократија денеска е пред уште една победа, со фер, демократски, професионални европски избори за градоначалници и советници.
Денеска Република Cеверна Македонија организира нови демократски и европски избори на коишто граѓаните треба да изберат какви општини сакаат и какви градоначалници и советници сакаат да ги водат нивните општини. Нашата македонска земја денеска е членка на НАТО, организиравме после 20 години попис и сме пред почетокот на преговорите со Европската Унија. Овие локални избори се токму на тој пат, на модерен, европски тренд по којшто сме тргнати како земја и враќање назад во минатото нема. Општините мора да се ориентирани и да бидат сервис на граѓаните а граѓаните верувам дека денеска ќе застанат зад делата, зад проектите и зад напредокот и на државата и на општините, рече Николовски.
Генералниот секретар на СДСМ, Николовски им честита на граѓаните за одлуките коишто ги носат, порачувајќи дека после влезот и членството во НАТО после завршувањето на пописот и „после носењето на одлуките за преговорите со Европската унија“, клучно во овој сегмент е и нов мандат на најдобрите градоначалници, на најдобрите советници коишто ќе им служат на сите граѓани.
Comments are closed for this post.