Поминаа повеќе од десет денови од трагичната автобуска несреќа кај село Ласкарци, кога 15 луѓе ги загубија животите, а овој период на дело ја покажува нефункционалноста на сите надлежни инситуции кои што треба да се справат со итни и кризни состојби и катастрофи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што потенцира членот на ИК на партијата, Игор Николов, премиерот Зоран Заев, директорот на Центарот за управување со кризи како и министерот за здравство мора веднаш да одговорат на многу прашања околу несреќата

Прво, зошто не се активираше Планот за постапување при итни, кризни состојби и катастрофи?

Второ, зошто не беше формиран кризен штаб кој ќе се справува со настанатата катастрофа и ќе даде вистинска помош на повредените?

Зошто околу местото на несреќата не се обезбеди периметар, од кој што само професионаци ќе имаат пристап до местото на несреќата?

Зошто на местото на несреќата не беа обезбедени соодветни медицински тимови составени од стручни медицински лица, кои што ќе даваат прва помош на повредените и ќе извршат вистинска тријажа на секој поврден за да биде упатен во соодветна здравствена установа?

Кој и зошто одлучи повеќето од повредените или вкупно 35 да бидат однесени во ГОБ 8 – ми Септември?

Со каков медицински потенцијал располага  ГОБ 8 – ми Септември? Колку има специјалисти трауматолози? Колку специјалисти неврохирурзи и колку торакални хирурзи?

Зошто побрзавте да се пофалите дека приватните болници помогнале во катастрофата, кога ниту еден пациент не беше хоспитализиран во приватна болница?

Дали вечерта беа вклучени сите кадровски потенцијали на здравствениот систем и зошто не беа повикани специјалисти од другите болници да помогнат?

Дали беше одржан европскиот стандард за еден повреден да има четири медицински работници?

Зошто не отворивте посебна линија, кол центар, каде роднините ќе можат да добијат информација каде се нивните најблиски? – прашува Николов.

Како што истакнува Николов, на денот на несреќата, во целост излегла на виделина неорганизираноста во Министерството за здравствио, неорганизираноста во Центарот за управување со кризи, како и лошата координација на институциите го сторија своето.

Поради тоа, како што повика Николов, премиерот Заев, министерот за здравство и директорот на ЦУК треба да поднесат одговорност и да поднесат неотповикливи оставки.