ЕУ ги остави Македонија и Албанија во чекалница. Високите претсавници на Европската комисија препорачуваа Македонија заедно со Албанија да добие датум за отпочнување на преговорите. Но бројни се и предупредувањата дека Скопје и Тирана не може во пакет во ЕУ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во својата последна колумна за Независен весник прашува како може Македонија и Албанија да почнат преговори за членство заедно, кога во соседната држава на избори учествува само една партија.

Кој минимум пристоен политичар од која било држава членка на ЕУ ќе се согласи да преговара со земја каде што нема демократија, нема слободни и компетитивни избори и слобода на избор? Се разбира, никоја! Ако на тоа додадете дека во земјата цветаат криминал и корупција и станува најголем производител и извозник на дрога во Европа, тогаш уште посилно е уверувањето на европските политичари дека со таа и таква Албанија, односно со тоа и такво недемократско и корумпирано водство не сакаат и нема да почнат преговори. Тоа е вистината!Прашањето е како да почнат преговори со Македонија ако сме во иста група со Албанија водена од ваков премиер? Одговорот е едноставен – никако! “, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој исто така го отвора прашањето што ќе прават македонските власти за одвојување на двете земји со цел Македонија да може да се надева на датум во октомври.

Логично се поставува прашањето кога веќе Заев се договорил минатата година преку Бујар Османи со Еди Рама Македонија да забави со реформите за да влезат во иста група надевајќи се дека годинава ќе почнат заедно преговори, па така да му направи услуга на својот пријател Рама, кој ја создаде вештачката „тиранска платформа“ поради која Заев дојде на власт, значи на еден начин да му возврати, ама ете, планот не успеа, па прашањето е – што ќе направи Заев Македонија да се одвои од Албанија со цел да може да се надева дека во октомври ќе добие датум за почеток на преговори. Ќе направи ли нешто Заев? Се разбира дека не! Затоа што Заев е зависен од Рама, затоа што коленичи пред него“, пишува Николоски.

Според него тој е зависен е од Рама затоа што без албанските гласови Заев нема власт.

Македонците одамна го отпишаа па Рама му е единствена надеж. Затоа логичниот потег на Стево Пендаровски да побара одвојување на Македонија од Албанија во процесот на евроинтеграции беше дочекан на нож од Заев! Заев не може без Рама! Тоа што Заев не го знае е дека во меѓувреме Рама стана толку неомилен меѓу Албанците што дружењето со него и поддршката кон него не само што не му носи плус меѓу Албанците, туку му носи и минус и тоа ќе го види скоро на следните парламентарни избори“, вели Николоски.