Постојат разговори со СДСМ и има обид да се усогласат ставовите, ние имаме свои принципи кои министерството за правда декларативно ги прифаќа, но тоа декларативно треба да се преточи на хартија, објасни Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ за преговорите за Законот за јавно обвинителство.

Ако има добра волја од двете страни возможно е да се постигне договор. Ако се оди на комплетна едностраност и исклучивост тогаш сигурно нема да има договор – заклучува Николоски