Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакнува дека е време за реализирање на второто сценарио, односно Владата предводена од Зоран Заев да падне во Собрание со обезбедување на соодветниот број на пратеници кои ќе изгласаат недоверба.
Николоски посочува дека тие, како ВМРО-ДПМНЕ интензивно работат на реализирање на ова сценарио, бидејќи се во постојана комуникација со политички партии кои се дел од владината коалиција, чии пратеници не се дел од СДСМ и ДУИ.
Николоски истакнува дека оваа Влада мора да падне ден поскоро, час поскоро.
Од СДСМ се фатени за власта како пијан за плот и не ја пуштаат и затоа мислам дека ќе треба да се случи второто сценарио. А, тоа е власта да се руши во Собрание, односно да се обезбеди соодветното потребно мнозинство, со цел Владата да падне. Ние интензивно работиме на тоа, јас сум зборувал и во претходни наврати дека имаме комуникација со политички партии кои што се дел од владината коалиција во моментов, а нивните пратеници не се дел од СДСМ и од ДУИ. И очекувам тие промени да се случат, со цел да одиме на предвремени парламентарни избори и да одиме на едни чисти локални избори – вели Николоски.
Comments are closed for this post.