Не еден, туку многу македонски бизнисмени се рекетирани, а вкупната сума на побарани средства и добиени надминува 20 милиони евра. Тоа била една детална операција сработена од врвот на СДСМ,  во која овие што сега се обвинуваат, како и специјалната обвинителка, се само дел од извршителите. Ова го тврди  потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во последната колумна за Независен весник.

„Проектот“ бил долго и систематски подготвуван и имал за цел сериозна имотна корист за врвот на СДСМ преку злоупотреба на правосудниот систем. Во овој момент голем дел од бизнисмените се под директна закана на власта на Заев и се плашат јавно да проговорат. Исто така, се плашат да говорат и пред обвинителството кое ја води истрагата, но со промената на власта и ослободување од стегите и притисоците ќе проговорат и овие луѓе за тоа со што се соочиле да ги изгубат слободата, бизнисите и семејствата, вели Николовски во својата последна колумна за весникот Независен.

Николоски вели дека логично прашање кое се поставува е од каде толкава храброст да се прави тоа.

Логичното прашање е од каде толкава храброст на Заев и екипата ова да го прават. Одговорот се сведува на нашите многубројни написи и јавни настапи уште минатата година на кој им дадовме работен наслов – „Менуваат име за да крадат“, пишува Николоски.