При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на Димитар Ковачевски дека победиле на локалните вонредни избори истакна дека e неопходно што побргу да се оди на предвремени парламентарни избори и да се види расположението на народот, кој со нетрпение очекува на парламентарни избори да го изрази своето расположение.

-Мислам дека доволно долго го коментиравме, еве да одиме на предвремени парламентарни избори да видиме кое е расположението на народот, ние буквално секој ден бараме предвремени парламентарни избори, народот тоа го очекува со нетрпение да ги направиме предвремените парламентарни избори и да видиме какво е расположението. Мислам дека од оваа омилена агенција за мерење на рејтинзи исто така им кажуваат какво е расположението, затоа што меѓу народ ретко шетаат, па не можат да слушнат и затоа бегаат од предвремени парламентарни избори. Решението е да одиме на избори и народот да каже што мисли, истакна Николоски.