На одбележувањето на големиот национален празник Илинден, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево. Тие прво ја посетија месноста викана Слива, а потоа Мечкин Камен.
„За Илинден во Крушево чествувањето го почнуваме на Слива каде херојски востаниците го бранеа градот, ја бранеа Републиката. Нивниот аманет е наша должност да ја сочуваме и почитуваме Македонија!“ – напиша на фејсбук Николоски.
„На Мечкин Камен со македонскиот народ на Илинден. Тука храбро се бореа македонските востаници за Република и човечки правдини. Нивниот аманет е завет за нас. Да ја градиме и воздигнуваме Македонија. Над Македонија се надвиснати темни облаци, ја владее ненародна одродена власт. Но денот на промена доаѓа многу брзо. И Македонија пак гордо ќе се исправи. Сите заедно со нашиот народ ќе ја вратиме гордоста на Македонија“, порача Николоски.
Comments are closed for this post.