Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски не е сигурен дека до крајот на годината Македонија би можела да ги почне преговорите со ЕУ како што наведе вицепремиерот Османи. Почетокот на преговорите, вели, е многу битно кога ќе биде, бидејќи секогаш со сите држави било во истата година кога Советот носел одлука.
-Она што ние го имаме како информација е дека ниту во декември ниту во март ќе биде, туку ќе треба да се чека следниот извештај затоа што ќе има предуслови кои не може Македонија да ги заврши во тој период. Затоа во најдобар случај ќе има датум за датум, односно ќе има предуслови кои Владата ќе треба да ги реализира и дури потоа би почнале преговори. Мислам дека оваа Влада на Заев нема капацитет тоа да го направи, рече Николовски во емисијата „Топ Тема“
Comments are closed for this post.