Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Прилеп зборуваше за најавеното поскапување на струја кое го најави власта и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ многу одамна предупредуваше за тоа дека ќе се покачи цената на електрична енергија и ова поскапување е само заради недомаќинското работење на Ковачевски и Заев односно се  има произведено за 1 милион мегават часови помалку електрична енергија за две години.

-Во однос на поскапувањето на електричната енергија апсолутна е одговорноста на власта тоа што поскапе и што ќе продолжи да поскапува  електричната енергија. Се сеќавате ние уште во 2020 година кога немаше никаква криза поврзано со војната во Украина говоревме за тоа дека струјата ќе поскапува затоа што струјата недомаќински се работи во најголемите капацитети пред се тука мислам РЕК Битола кој што е во соседството и на Битола и на Прилеп. Една бројка сакам да споделам со јавноста, само во периодот 2019-2021 година, значи за две години Електрани на Македонија предводено од Васко Ковачевски и Зоран Заев како партнери таму има произведено за 1 милион мегават часови помалку електрична енергија, 1 милион мегават часови за само две години се помалку  произведени. На светските берзи еден мегават час е 250 евра, тоа значи дека Македонија за само две години, за увоз на електрична енергија која што можела, а не ја произвела дома има потрошено 250 милиони евра пари од сите нас, затоа што тие пари доаѓаат од граѓаните и причината за поскапувањето на струјата е исклучително оваа неспобност каде што  фалат еден милион мегават час или преведено во пари 250 милиони евра. Сликовито вака да образложат 250 милиони евра  е еден автопат од Градско до Битола, фалат 250 милиони евра во буџетот затоа поскапува електричната енергија, рече тој.

Николоски во текот на своето говорење објасни и зошто фалат тие 250 милиони евра во буџетот поради кои ќе се поскапи цената на електричната енергија.

-Зошто фалат? Затоа што не се копа јаглен, нити во Осломеј, нити во РЕК Битола како што треба, а не се копа затоа што се прави криминал, затоа што камионите не вртат, тие со струмички таблици, ама на хартија вртат по 36 часа и затоа што пред и после Нова година на една година, тоа е фирмата Марковски доделија 27 милиони евра во четири очи односно во непосредна спогодба, кажа Николски.


Потпретседателот Николоски зборуваше и во однос на општините  дека манипулираат во врска со струјата и  објасни дека општините не манипулираат туку тие бараат најдомаќиснки да ја намалат цената на електричната енергија која е поскапена поради Бислимовски,  Бектеши, Ковачевски и Заев.
-Во однос на општините, општините барат најдомаќински можни начини да ги намалат сметките за струја, тие не се виновни и нас ни е јасно, тие сметки за струја пак ги плаќаат граѓаните затоа што општините функционираат на начин што прибираат даноци од граѓаните и после тие средства ги трошат. Општините се обидуваат да ја намалат цената на електричната енергија која што е поскапе не заради општините туку заради Бислимовски, Крешник Бектеши, Ковачевски и Зоран Заев кој што за две години произведоа еден милион мегават часови помалку електрична енергија. Сега во такви услови општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се раструкуќи како што се овие претходните се обидуваат да заштедат и тоа не им чини на овие од Владата, од причина кои се главни увозници на струја во Македонија се блиски на Владата. Општините доколку се на таканаречен нерегулиран пазар увезуваат струја надвор од државата односно не трошат од домашните капацитети туку увезуваат струја како да се претпријатија, таа струја ја плаќаат по берзанска цена и ја плаќаат на дистрибутери односно на компании кои ја носат, кој што се блиски на актуелната власт,  вели Николоски.


Николоски во врска со поскапувањето на електричната енергија додаде:

-За да нема манипулации вкупната потрошувачка на електрична енергија за улично осветлување на сите општини во Македонија е само 1.32%, далеку од тоа што го спомнуваат и во моментот општина Битола како и сите други општини се слободен нерегулиран пазар затоа што истите овие бандити не им дозволија да плаќаат поевтина електрична енергија.