Зонското паркирање кое следниот месец ќе стартува во Карпош 1 и 2 се чини дека нема да го реши проблемот со недостаток на паркинг места со кои се соочуваат станарите од овие населби.
И по воведувањето на зонското паркирање станарите повторно ќе немаат доволно место за паркирање на своите поради хаварисаните возила кои со години „скапуваат“ на паркинзите пред зградите.
Во Скопје никој не е надлежен за нивно отстранување, ниту Град Скопје, ниту Општина Карпош, ниту МВР а ни „Градски Паркинг“ кој ќе стопанисува со новата зона „Д42“.
Жители на оваа зона кои беа да се регистрираат за бесплатно паркирање прашале во претпријатието дали ќе ги дислоцираат старите возила и оттаму добиле негативен одговор.Оттаму објасниле дека тоа тоа треба да го направи општината. „Градски паркинг“ ќе ги отстранеле само оние возила кои биле без регистарски ознаки, додека оние што имале регистрарски таблички немале да ги креваат.
На прашањето каква гаранција е регистарската табличка кое тоа возило е можно со години да не е регистрирано и во возна состојба, од „Градски паркинг“ на жителите им одговориле дека тоа треба да го проверат во Полицијата.
Comments are closed for this post.