МВР распиша потерница по Сашо Мијалков откако вчера го бараше на неколку локации низ Скопје.

На барање на Обвинителството Кривичниот суд издаде решение за куќен притвор за Сашо Мијалков. Полицијата од вчера попладне го бара Мијалков во неговиот стан во Капиштец, куќата на Водно и во хотелот „Мериот“.

Пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ е закажана за 26. февруари. Мијалков е осомничен за нелегално прислушување, а Обвинителството пред неколу дена ги искажа завршните зборови. Обвинети се 12 лица, а Мијалков е првообвинет. Тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.