Заврши дводневната средба на македонските и бугарските историчари

Незначителен напредок за учебниците, договор за Гоце Делчев нема, има нови идеи

16.10.2020 / 18:36


Со незначителен напредок за учебниците и без договор за Гоце Делчев штотуку заврши дводневната работна средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, што по пауза од 10 месеци се одржа во Скопје.

На заедничката прес-конференција копретседателот Драги Ѓорѓиев изјави дека е постигнат договор во делот на учебниците, но дека се уште има многу за да се дојде до суштински договор.

Ѓорѓиев додаде дека не е постигнат конкретен договор за Гоце Делчев, но оти имало нови идеи,а за какви не соопшти. Тој, по дводневната средба на комисијата, рече и дека се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.

-Сиво е и облачно со дожд, на моменти со малку сонце, што значи дека имаме многу мал напредок, но претставува основа за понатаму, нагласи од своја страна копретседателот на бугарскиот дел од комисијата, Ангел Димитров, додавајќи исто така дека нема успех во преговорите за прашањето за Гоце Делчев.

Тој истакна дека политичарите имаат своја патека, но оти историчарите се експерти, нагласувајќи дека во Комисијата не се водат преговори, туку научна дискусија врз основа на аргументи.

Димитров најави дека до крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата, зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор. Димитров рече и дека е направен чекор напред во врска со празнувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, празникот што Бугарија сака да го прогласи за бугарски.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

пред 12 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Ни бившиот на Драгана Мирковиќ не му го крена рејтингот на Филипче

пред 15 часа
Македонија

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

пред 1 ден
Македонија

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

пред 1 ден
Македонија

Во СДСМ страдале од преработеност од седење по кафани на „Боемска“ (ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

пред 1 ден
Македонија

Сиљановска и Милатовиќ ги потврдија добрите односи меѓу Македонија и Црна Гора (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Нема уставни измени без гаранции, ако треба ќе чекаме децении

пред 3 дена
Македонија

Амбасадорот Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“

пред 3 дена
Македонија

Вака ќе изгледа новиот охридски аеродром (ФОТО)

пред 3 дена
gamdomCasibomJojobet Girişmarsbahis girişGrandpashabet Giriş